land - онтологија

алунира повеќе

алунираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Слетува на Месечината.
Примери:
Астронаутите на Аполо алунираа.

атерира повеќе

атерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Слетува на земја.
Примери:
Авионот атерираше безбедно.

приземји повеќе

приземјат
Вид збор: Глагол, свршен
Спушти безбедно авион или друго летало на земја.
Албански: ulet, zbret
(се приземји) Се спушти на земја.
Албански: ulet, zbret
Примери:
И покрај проблемите со моторот, успешно се приземјивме.

слета повеќе

слетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со летање се спушти на нешто, се приземји.
Албански: zbret
Примери:
Испокиснатите врапчиња слетаа во дворот.
За летало (авион, хеликоптер) - се спушти на писта, на земја.
Албански: zbret
Примери:
Авионот слета на скопскиот аеродром со задоцнување од два часа.

спушти повеќе

спуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спушти) За птици, инсекти, авиони - дојде на земја.
Албански: zbret
Примери:
Се спуштија врапчињата по храната.